Поддршка за уметниците, вашите дела во LUX салонот

Бидете дел од нашиот showroom!

Уметничката креација е важен дел од културата на нашата земја и треба да се развива и поддржува.

LUX lighting and living со проектот Поддршка за домашните уметници и вредностите на културното творештво 2023, ги поддржува и промовира македонските талентирани уметници со поставување на нивните дела во LUX салонот.

Уметничките слики можат навистина да го трансформираат просторот: да го направат визуелно поголем, да ги зајакнат постоечките бои, да го потенцираат дизајнот на мебелот. Освен декоративна, нивната емотивна вредност ја содржи силата да го збогати нашиот внатрешен живот и надворешен простор.

Услови за учество во проектов се следниве:
- Достава на слики од вашите дела со кратка биографија
- Димензиите и медиумот не се важни
Пратете ги вашите дела на info@lux.mk

Вие добивате место во нашиот салон, промоција на нашите социjални медиуми и можност за продажба.

За било какви прашања слободно пишете ни на профилите на нашите социјaлни медиуми или на маил, тука сме за вас.

Избраните уметници ќе бидат контактирани од тимот LUX.